Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставување барања за финансиска поддршка за набавка на трактори, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година – Подмерка 121.8.
Целта на овој повик е поддршка за модернизација на земјоделски стопанства преку набавка на трактори.
Право на учество имаат:
-
Физички и правни лица регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
-
Корисници кои не добиле поддршка за трактори во последните 10 години од ИПАРД и Национални програми.
Максимален износ на прифатливи трошоци: 600.000 денари по корисник.
Кофинансирањето изнесува 50% – 75% од вредноста на инвестицијата, во зависност од возраста на апликантот и локацијата на стопанството.
Услови:
-
Минимум производствен капацитет (минимум 2 ха мешвовити земјоделски култури или една земјоделска култура, 0.5 ха зеленчук на отворено и тутун, 0.2 ха овошје и лозје.).
-
Доставување комплетна документација (електронско барање, понуда/профактура, деловен план, изјава, потврда од ЕРЗС.).
Начин на аплицирање:
Преку електронскиот систем https://e-baranje.ipardpa.gov.mk, потоа во печатена форма да се достави до АФПЗРР во затворен плик на адреса:
ул. 3-та Македонска бригада бб, зграда Македонија Табак блок Ц, 1000 Скопје
Рок на аплицирање: Ќе биде утврден во јавниот повик објавен на веб-страницата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk
Упатството за корисници може да го преземете од следниот ЛИНК.